Еден маж загина утрово при гранатирање на селото Приморска во областа Запорожје, соопштија украинските власти.
Рускиот напад погоди приватна куќа во која загина 65-годишниот сопственик, објави Укринформ.
Шефот на областа Запорожје, Иван Федоров, го потврди нападот и додаде дека се уништени неколку згради.
Овој напад е дел од пошироката офанзива на руската армија, која во последните 24 часа изврши вкупно 276 напади на територијата на Запорожје.
Според Федоров, нападот предизвикал сериозни последици, а спасувачите и итните служби се уште работат на отстранување на штетите.
За 24 часа во воздушен напад на Запорожје загинаа 10 лица, а 25 се повредени.
Нападот предизвика големи експлозии кои уништија сервисна станица и оштетија пет високи згради, осум приватни куќи, студентски дом и продавници.
Меѓу повредените, 12 лица се хоспитализирани, јавува Танјуг.