Началникот на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја, генерал Парк Ан-Су, денеска изјави дека му поднел оставка на поранешниот министер за одбрана Ким Џонг-хјун, поради ненадејното наметнување на одлуката за прогласување воена состојба од претседателот на таа земја Јун Сук-јеол, објави денеска Јонхап.
Парк беше назначен да ја води командата за време на воената состојба прогласена во вторник, која беше укината од претседателот на Јужна Кореја неколку часа откако тој ја прогласи и откако парламентот усвои резолуција со која се бара укинување на воената состојба.
Генерал Парк изјави дека поднел оставка за време на вонредната седница на парламентарната комисија за одбрана, велејќи дека тој понудил оставка еден ден претходно.