Неделна прогноза за Куманово: Што носат првите декемвриски денови?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец.

Loading...

Утринската температура ќе се движи околу еден степен под нулата, додека максималната дневна се очекува да достигне 7 степени целзиусови.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Mалолетник од Куманово затекнат при обид да запали кабли, полицијата го привела

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од југ и југозапад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, а максималната дневна се очекува да достигне 8 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе биде во интервал од минимални 3 до максимални 8 степени целзиусови.

Четврток носи облачно време со слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи околу 2 степени, а максималната дневна ќе достигне 6 степени целзиусови.

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник и тинејџер од Куманово повредени во сообраќајка кон Велес

 

Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме и во петок. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, а максималната дневна се очекува да се искачи до 7 степени целзиусови.

И во сабота ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, а температурата ќе се движи од минимални 0 до максимални 7 степени целзиусови.

Облачно со врнежи од дожд ќе биде времето во недела, кога ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу четири степени, а дневниот максимум ќе достигне 10 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жолт метео аларм за невреме со грмотевици

 

 

Loading...

Слично време ќе имаме и следната работна недела.

Никола Ивановски