Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска преку соопштение ги осуди инцидентите од вчерашното одбележување на Денот на албанското знаме.
Како што велат „екој има право да слави, но нема право да го омаловажува и да не почитува другиот, како и државата.“
Соопштението интегрално ви го пренесуваме во продолжение:
„Движење ЗНАМ – За наша Македонија најостро го осудува вчерашното дивеење и сквернавење на знамето на Македонија од страна на лица кои го прославуваа денот на албанското знаме.
Секој има право да слави, но нема право да го омаловажува и да не почитува другиот, како и државата.
Ваквиот чин покажува дека некој или некои само декларативно се залагаат за соживот и не ги почитуваат симболите на државата во која се родиле, школувале, работат, живеат.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија може со жалење да констатира дека тоа што вчера се случуваше на многу места низ државата, а особено вандалското однесување на поединци и групи во Скопје и Куманово, со непочитување на законот за употреба на знамињата и уништување и сквернавење на нашето државно, но и знаме на Македонците е за најостра осуда.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија се залага за почитување на законите, за владеење на правото. Токму затоа секој што се однесува спротивно на тие воспоставени демократски принципи, мора да одговара за своите
постапки, а не да се крие зад лажанта борба за национални права и слободи.
Јавно ги осудуваме ваквите настани и ја поздравуваме реакцијата на Министерството за внатрешни рабаоти. Очекуваме и Обвинителството да го заврши својот дел од работата и сите оние што го прекршиле законот да ги
изведе пред лицето на правдата и истите да бидат санкционирани според законот.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија порачува дека секој што има намера да ја дестабилизира Македонија и да го доведе во прашање Уставниот поредок, да ја загрози безбедноста на граѓаните и да предизвика омраза
ќе мора да се соочи со последиците.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија потенцира дека Македонија е демократска земја во која се почитуваат правата на секој човек, секој граѓанин, на сите етнички заедници што живеат во неа, но не може и не смее да дозволи непочитување на законите и симболите на државата, но и на Македонците.
Движење ЗНАМ – За наша Македонија потенцира дека не можеме и не смееме да дозволиме некој, поради остварување на сопствените цели и фрустрациите од изгубените позиции да ги користи младите луѓе за ширење насилство, омраза и дестабилизирање на меѓуетничките односи.
Да газиш и кинеш, уништуваш знаме на држава која те израснала, образувала, вложувала во тебе е злосторство против истата и треба кривично да се одговара за тоа“, стои во соопштението.