Сакате да ослабете? И сакате да знаете која е најсоодветниот појадок за вас?
Појадок кој ви дава доволно енергија, но истовремено со тоа ви помага да слабеете.
Според диетолозите појадокот треба да ви обезбеди 25% од дневната доза на енергија … онака кажано за една жена во активна возраст појадокот треба да не надминува повеќе од 500 калории.
Еве и како да го структурирате појадокот, ако сте во процесот на слабеење:
Никогаш не ограничувајте и не пропуштајте појадокот, не го заменувајте со кафе на нога или со неколку блокови чоколадо.
Примањето на храна двапати дневно може да ги попречи плановите за слабеење.
Второто задолжително правило е да избегнувате преработените храни и рафинирани шеќери – без бисквити, чоколадо, вафли, крофни и кроасани – богати со заситени масти и шеќери храна.
Еве ви неколку готови идеи за совршен појадок во режим на слабеење:
1. Чаша чај или кафе, парче интегрален леб со шунка / чаден лосос, авокадо или јајце
2. Овесни трици или јатки, или семиња чија со нискомаслен јогурт и грст плодови (банана, јаболко, боровинки)
3. Семе чија со нискомаслен јогурт и грст боровинки
4.Чинии со овошје и чаша свежо исцеден сок од грејпфрут
5. Смути од спанаќ, аспарагус, банана, киви, шумски плодови, семиња од чија
6. Мусли со овошје и нискомаслен јогурт
7. А ако се разбудите од волчји глад кон слатко, тогаш ви го нудиме слаткиот рецепт на фитнес инструкторката Кајли Итсинес – протеински шејк со путер од кикирики и банана …. но по овој појадок не заборавајте да ја посетите салата за спорт подоцна во денот.