Данило Драшковиќ од Куманово прогласен за најмлад и најдобар пливач

Сподели со своите пријатели

Шестогидшниот Данило Драшковиќ  од Куманово е  прогласен за најмлад и најдобар пливач на 20ти Меѓународен пливачки митинг „Немо Куп” Скопје изминатиот викенд.

Loading...

– Драшковиќ  пливаше на 50м крал и 50 делфин. Пред него престои светла иднидна, има голем потенцијал  во него кој допрва  ќе постигнува врвни резултати – истакна тренерот на пливачкиот клуб „Атлета“, Никола Златановски.

 

 

Учество на митингот земаа седум натпреварувачи од Пливачки клуб Атлета од Куманово, во  дисциплина крал на 50м и делфин на 50м.

Врвен успех постигна и Флоријон Рамадани кој освои трето место во дисциплина на 50м.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дејан Јовановски нов член на Советот на Општина Куманово

– Тој исто така пред една недела учествуваше на Меѓународен  пливачки митинг „Скопје Опен” постигна солидни резултати во крал 100м и градно 50м -истакна тренерот Филип Миленковски.

Loading...

 

 

Останатите членови Филип Ефремовски,  Бесфорт Рамадани, Лара Јакимовиќ, Вања Јакимовиќ,  Христина Ристевска постигнаа солидни резултати.

– Горди сме на нивните резултат и ќе продолжиме да работиме попосветено, велат од клубот Атлета.

На натпреварот  учествуваа преку 150 натпреварувачи.

Никола Ивановски