Германија ќе започне со испорака на 4.000 дронови со вештачка интелигенција во Украина од декември

Сподели со своите пријатели

Германија од декември ќе почне да ja снабдува Украина со 4.000 високотехнолошки беспилотни летала контролирани од вештачка интелигенција (АИ) и заштитени од уреди за електронско војување, кои веќе се користени во борбите на југот и истокот на Украина, обијавија денеска германските и украинските медиуми.

Loading...

Германската компанија Хелсинг, која се занимава со вештачка интелигенција, годинава потпишала договор со Министерството за одбрана на Украина за набавка на 4.000 дронови, пишува „Билд“ повикувајќи се на изјавата на германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Писториус по масовниот руски воздушен напад врз Украина во неделата наутро изјави дека е среќен што испораката на овие дронови за напади со вештачка интелигенција ќе започне „веднаш“, пренесува агенцијата Укринформ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

Германскиот весник наведува дека од декември ќе бидат испорачани 4.000 беспилотни летала, неколку стотици единици месечно и дека тоа не се обични дронови – камикази – управувани од луѓе, туку дека беспилотните летала што ќе бидат испорачани во Украина се високотехнолошки авион контролиран од АИ, кој го доби индустрискиот прекар „мини Таурус“.

Забележано е дека беспилотните летала произведени од компанијата Хелсинг имаат софтвер кој во голема мера ги штити од руско заглавување на ГПС и други средства за електронско војување.

Како што изјави за „Билд“ соговорник од индустријата за оружје, предметниот дрон се „набљудува“ и препознава каде се наоѓа, врз основа на илјадници патни знаци, „за да не го изгуби својот пат дури и при неповолни временски услови или при бомбардирање области“, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија и Германија одбиваат Украина да користи оружје надвор од сопствената територија

„Откако целта ќе биде пронајдена и операторот ќе му даде инструкции на авионот, дронот лета автономно до целта“, рече официјалниот претставник.

Дронот, кој има четири крила и пропелери, се смета за технолошки напредок, додека неговата најголема вредност, според официјалните лица, е неговиот софтвер со вештачка интелигенција за пилоти на беспилотни летала, со чија помош тие можат да летаат до цели доколку се наруши радио комуникацијата. според украинската агенција.

Loading...