Молдавија ветува дека ќе се спротивстави на „руската пропаганда“ пред изборите

Сподели со своите пријатели

Молдавија ќе преземе решителни чекори против „руската пропаганда“ насочена кон ширење дезинформации и предизвикување поделба во општеството, изјави молдавскиот министер за надворешни работи Михаи Попсои.

Loading...

Попсои, во интервју за јапонската агенција Кјодо, истакна дека Молдавија нема да толерира ширење на лажни вести и обиди да се создаде раздор меѓу Молдавците, како во земјата, така и во странство.

Тој, исто така, истакна дека „руската пропаганда“ се обидува да предизвика нетрпеливост кон украинските бегалци кои избегаа од војната.

Министерот откри дека молдавската влада формирала специјализирана институција која ќе го следи јавниот и онлајн просторот, со цел поефикасна борба против обидите за манипулација од странство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Анкета: Речиси 80 отсто од Русите му веруваат на Путин

Попсои истакна дека Молдавија мора да продолжи со работата за приближување кон ЕУ за да го подобри квалитетот на животот на своите граѓани, пренесува Танјуг.

Зборувајќи за војната во Украина, Попсои повика на брз прекин на конфликтот, но потсети дека при изнаоѓање решение мора да се земат предвид интересите на Украина.

Попсои најави дека Молдавија ќе ги интензивира односите со Јапонија, особено на полето на економијата, а како пример го наведе унапредувањето на извозот на молдавско вино.