Кој ќе раководи со Стејт департментот?

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе го назначи сенаторот од Флорида Марк Рубио за нов државен секретар, а републиканскиот претставник Мајк Волц за советник за национална безбедност во новата администрација, јавуваат американските медиуми повикувајќи се на упатени извори.

Loading...

Се очекува Трамп да го именува сенаторот Марко Рубио како негов номиниран за државен секретар, иако тој избор не е конечен, изјавија два неименувани извори за CBS News.

Во април оваа година тој гласаше против доделување на помош од 95 милијарди долари за Киев и „ја повика Украина да преговара за крај на војната со Русија, дури и ако тоа значи дека Руската Федерација ќе задржи дел од украинската територија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Адмирал на НАТО ги повика бизнисмените да подготват „воено сценарио“

Рубио е голем противник на Кина, се противи на нормализација на односите со Куба и се натпреваруваше со Трамп на републиканските внатрепартиски избори во 2016 година.

Со оглед на неговото долгогодишно искуство во надворешната политика и членството во Комитетот за разузнавање и надворешна политика на Сенатот, Стејт департментот „изгледа како вистинската агенција за него“.

Републиканците ќе имаат мнозинство во Сенатот почнувајќи од јануари, па се очекува тоа тело да ја одобри номинацијата на Рубио.

Трамп побара од републиканскиот претставник на САД, Мајк Волц, пензиониран офицер на Националната гарда и воен ветеран, да му биде советник за национална безбедност, изјави неименуван извор за АП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Камала исчезна по изборите, отиде на Хаваи да се одмори

Американската агенција наведува дека Валц, како и Рубио, е и противник на Кина и дека доколку стане советник за национална безбедност, ќе управува со американскиот одговор на војната во Украина, сојузот меѓу Русија и Северна Кореја и конфликтот во Блискиот Исток.

Loading...

Трамп синоќа на својата социјална мрежа „Вистина“ објави дека го назначил поранешниот републикански конгресмен Ли Зелдин, кој често гласаше против законите за зелените прашања, вклучително и мерката за спречување на нафтените компании да ги зголемат цените, за раководител на Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА).

„Тој ќе обезбеди донесување правични и брзи одлуки за дерегулација за да се ослободи моќта на американските компании, а во исто време да се одржуваат највисоките еколошки стандарди, вклучително и најчистиот воздух и вода на планетата“, рече Трамп.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блискиот исток, Украина и Трамп на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7