Најмалку две лица загинаа, а 34 се повредени во рускиот напад на Харков

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица загинаа, а 34 се повредени во напад на руска воздушна бомба врз катна зграда во Харков, соопшти денеска шефот на регионот Харков, Олег Синегубов.

Loading...

„Во овој момент повредени се 34 лица. Едно дете почина“, рече тој. Како што пренесува Укринформ, поради рускиот напад доцна во средата, целосно е уништен влезот на оваа деветкатница.

Украинските власти во средата вечерта известија дека во нападот се повредени 23 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Русија победи во Грузија, а може да победи и во Молдавија