Трамп тврди дека ја добил поддршката од Американците со арапско потекло

Сподели со своите пријатели

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, во неделата на крајот од својот говор на предизборниот митинг во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, рече дека ја добил поддршката од Американците со арапско потекло благодарение на неговото залагање за прекин на огнот на Блискиот Исток.

Loading...

Трамп во петокот зборуваше со ентузијазам за времето што го поминал со муслиманските имами во Мичиген, велејќи дека анкетите во таа држава покажуваат дека тој има подобар рејтинг во муслиманската заедница од кандидатката на Демократската партија Камала Харис, пишува Тајмс оф Израел.

– Тие само сакаат мир, сакаат да имаат мир и тоа е одлично – рече Трамп за време на митингот во Медисон Сквер Гарден.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп потпиша Меморандум за разбирање со Белата куќа за продолжување на транзицијата на власта

Трамп истакна дека ја има поддршката од Евреите и другите малцински заедници и рече дека Републиканската партија „навистина стана партија на вклучување“.

Меѓутоа, претходно за време на митингот во Медисон Сквер Гарден, поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани изјави дека „Палестинците се научени да убиваат штом ќе наполнат две години“.

Неодамнешните анкети покажаа дека Трамп има мала предност меѓу Арапските Американци, бидејќи многу од нив веруваат дека Трамп како американски претседател би бил поефикасен од Харис во брзо завршување на војните што Израел ги води против Хамас во Газа и Хезболах во Либан.

– Ќе го запрам хаосот на Блискиот Исток и ќе ја спречам Третата светска војна – им порача Трамп на своите поддржувачи во Њујорк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: Се чини дека мојата тажна шега се претвора во застрашувачка реалност