Возач на мопед од Куманово тешко повреден по судир со „пежо“

Сподели со своите пријатели

Педесет и двегоидшен кумановец бил тешко повреден откако со својот мопед учествувал во сообраќајка со „пежо“.

Loading...

– На 26.10.2024 во 08.30 часот во СВР Куманово, било пријавено дека на крстосницата од ул.„Народна револуција“ и ул.„Салтир Наумов“ во Куманово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(42) од Скопје и мопед „волта“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.П.(52) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  13-годишно девојче од Пчиња пријавено за исчезнато

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски