Шпанската полиција уапси лидер на српската мафија

Сподели со своите пријатели

Шпанската полиција уапси во Барселона двајца високи членови на кланот Врачар, криминална организација од Белград, по кои беше најавена потера во Србија, Австрија и Шпанија.

Loading...

Мажите, чии имиња полицијата не ги објави, беа уапсени со разлика од шест дена.

„На 18 октомври во Барселона беше уапсен лидерот на српскиот клан познат по прекарот „Лудиот Џони“, а потоа беше приведен и човек на кого му верувал“, соопшти шпанската полиција.

Тој другиот бегалец се барал во Србија за убиство, во Австрија за киднапирање и незаконско притворање, а во Шпанија за ранување.

Нему му се заканува затворска казна од 40 години

Му се заканува затворска казна од 40 години“, соопшти полицијата во Шпанија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Министерот за одбрана под истрага за корупција: Опсежна истрага во врвот на кинеската војска

Тој беше во бегство откако учествуваше во убиството на член на ривалскиот клан кој исчезна во март 2020 година, чие тело беше пронајдено еден месец подоцна во бунар во близина на Сопот во Србија со прострелна рана.

Убиствата меѓу членовите на кланот Врачар и нивните територијални ривали од кланот Скаљар започнаа во 2014 година со заплена на пратка кокаин во шпанското пристаниште Валенсија.

Во нивниот конфликт досега се убиени повеќе од 60 лица, извести шпанската полиција.

Loading...

Уапсениот е обвинет и за учество во киднапирање и тортура на членови на ривалска банда во Австрија.

Тие под изговор за работа го повикале во хотелот, го киднапирале и претепале, а од татко му побарале да плати милион евра за негово ослободување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Европскиот парламент ја потврдува новата Европска комисија

Со оглед на сериозноста на кривичното дело и активностите на бегалецот во повеќе земји, започна меѓународна истрага, која ја координираше ЕУРОПОЛ, канцеларијата за европска полициска соработка.

Во истрагата учествувале полициски службеници од Австрија, Србија, Германија, Хрватска, Словенија, Франција и Италија.

„Со ова апсење, кое се додава на она од 18 октомври кога беше приведен „Лудиот Џони“, на раководството на кланот Врачар му беше зададен тежок удар“, соопшти шпанската полиција.