Данило Методиевски од Куманово освои сребрен медал на „Балкан опен“ во БиХ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Данило Методиевски од Куманово освои сребрен медал на Меѓународниот кик-бокс турнир „Балкан опен“ во Тешањ, Босна и Херцеговина.

Loading...

Методиевски учествуваше како претставник на Кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово, под менторство на тренерот Јован Крстевски.

 

 

Данило почна од четврт финале каде го победи Семир со 3:0 (Семир го победи Данило во Сарајево на Гранд Прикс 2:1), во полуфинале го победи Елмедин исто така со 3:0, а во финале се сретна со Един на кого противникот во полуфинале не му се појави и беше свеж за финале со Данило.

– Некогаш е потребно малку и среќа да имаш за да бидеш шампион. Се ова се одвиваше во 40 минути. Презадоволен сум како Данило се бореше, убеден сум финалистот да имаше борба пред Данило, наше ќе беше првото место. Некогаш е потребна мала среќа но овој пат не беше на наша страна, изјави неговиот тренер Крстевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: За денеска два метео аларми

 

Loading...

 

Освен Методиевски, како претставник на КБК Предатор беше и Јаков Ѓорчевски.

За Ѓорчевски ова беше прва борба во кариерата и ја избоксува одлично за прв пат, но загуби во четврт финале со 2:1.

Дека КБК Предатор има одлични борци говори и фактот што нанижаа бројни медали и на претходниот меѓународен натпревар, „Трофеј Београда“.

 

 

Loading...

На тој натпревар Наум Милановски освои златен медал, второ место, односно сребрен медал освоија Ева Милановска  и Димитар Давитковски, додека со бронза се вратија Данило Методиевски и Стефан Јовчевски.

Следниот меѓународен натпревар за кој клубот веќе се подготвува е „Кутина опен 2024“ кој ќе се одржи во Хрватска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  13-годишно девојче од Пчиња пријавено за исчезнато

Никола Ивановски