Сабота неработен ден за Евреите во Македонија

Сподели со своите пријатели

Министерството социјална политика, демографија и млади соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 12 октомври 2024 година (сабота), Јом Кипур е неработен ден за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија.

Loading...

Истовремено, Министерството социјална политика, демографија и млади на граѓаните припадници на еврејската заедница им го честита празникот Јом Кипур.