Дваесет и осум литри дожд на метар квадратен наврнале во текот на изминатото деноноќие во Куманово, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Најмногу дожд наврнало сепак во Пожаране, вкупно 65 литри на метар квадратен.
Како што додаваат од УХМР, ноќва и во текот на утринските часови низ Македонија времето беше променливо облачно со локални врнежи од дожд. На повисоките места дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во текот на денот ќе имаме променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, наместа во источните делови пообилни, проследени со ретки грмежи.
Максималната температура ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи околу 11 степени, додека максималната дневна ќе достигне 20 степени целзиусови.
Од страна на УХМР за регионот на Куманово за денеска е издадено жолто метео предупредување за опасност од дожд.
Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со услови за слаб дожд, но и со повремени сончеви периоди.
Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе биде во интервал од минимални 8 до максимални 18 степени целзиусови.
Од понеделник се очекува разведрување и благ пораст не дневните температури.
Никола Ивановски