Кривични пријави за царници на Табановце

Сподели со своите пријатели

Четворица цариници на Граничниот премин Табановце добија кривични пријави од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Р.(35), В.М.(44), Д.М.(49) и С.М.(39), сите царински службеници, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат оттаму, на 25.07.2023 на работното место на граничен премин Табановце, за влез во државата, пријавените на едно лице од Струмица му пресметале помал износ на ДДВ и царински давачки за увоз, со што му овозможиле да се стекне со противправна имотна корист, а му издале и потврда за плаќање на увозни давачки, која ја завериле со свој печат и потпис.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Пежо“ прегази 88-годишен кумановец

Никола Ивановски