Погребот на лидерот на Хезболах Хасан Насрала ќе биде извршен денеска

Сподели со своите пријатели

Погребот на убиениот лидер на либанското движење Хезболах, Хасан Насрала ќе биде извршен денеска, петок, објави денеска иранскиот „Сабрин њуз“, повикувајќи се на неименуван специјален извор.

Loading...

Порталот не објави детали за времето и местото на погребот на, како што рече, маченикот Насрала, кој беше убиен во целен израелски воздушен напад врз станбени области на Бејрут минатиот петок.

Како што јави агенцијата ИРНА, ционистичкиот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху, со поддршка на САД, дал наредба од седиштето на ОН во Њујорк да се убие лидерот на Хезболах.

По таа наредба, воените авиони на неговиот режим фрлија бункер-бомби испорачани од САД врз густо населените области на Бејрут, при што загинаа Насрала и десетици цивили, објави ИРНА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Киднапирана од ИСИС кога имала 11 години, конечно e ослободена во Газа

Според извештаите, Саид Хасан Насралах починал со маченичка смрт на 64-годишна возраст, откако 32 години бил генерален секретар на движењето на отпорот Хезболах.