Двајца кумановци биле приведени вчера под сомнение дека физички нападнале трето лице на бензинска пумпа.
Loading...
– На 01.10.2024, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Т.А.(42) и Г.М.(43), двајцата од Куманово, затоа што на бензинска пумпа на магистрален пат Куманово – Табановце физички го нападнале А.Д., информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски