Кина истрела пробна интерконтинентална ракета во Пацификот

Сподели со своите пријатели

Кина во средата соопшти дека успешно лансирала интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) која носи лажна боева глава во Тихиот Океан.

Loading...

Ракетата беше лансирана во средата и „слета во очекуваните морски области“, соопшти кинеското Министерство за одбрана, додавајќи дека пробното лансирање било „рутинско“ и „дел од годишната обука“.

Типот на ракетата и нејзиниот пат на летот останаа нејасни, но кинеските државни медиуми објавија дека Пекинг „однапред ги информирал соседните земји“.

Аналитичарите велат дека тоа што тестот се нарекува „рутинска“ е изненадувачки бидејќи Кина последен пат извршила тест во меѓународни води во 1980 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Швајцарска компанија изврши прва евтаназија во капсула, полицијата уапси неколку лица

„Освен ако не пропуштив нешто, мислам дека ова е прв пат по долго време да се случи ова и да биде пријавено како такво“, објави на платформата Х Анкит Панда, експерт за нуклеарно оружје во Карнеги фондацијата за меѓународен мир.

Тестовите за нуклеарно оружје на Кина обично се случуваат внатре во земјата, а Кина претходно тестираше ракети ICBM во пустината Такламакан во регионот Ксинџијанг.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека нема оштетувања на нивните бродови.

„Ќе продолжиме да собираме и анализираме информации за движењата на кинеската војска и ќе ги преземеме сите можни мерки на претпазливост“, соопшти Министерството, пренесе јапонската телевизија NHK.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Убиени 125 крокодили за да не побегнат во поплавите

Последниот пат кога Кина спроведе ваков тест, проектилот прелета 9.070 километри и слета во Пацификот.

Тестот вклучи 18 кинески поморски бродови и сè уште се смета за една од најголемите поморски вежби на Кина.

Џон Риџ, одбранбен аналитичар со седиште во САД, рече дека Кина можеби го спровела тестот како еден вид „сигнал до Соединетите држави“.