Пожар во стан во центарот на Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожар попладнево избувнал во стан во зграда лоцирана на улицата „Среќко Пужаљка“ во Куманово.

Loading...

Како што информираше Дејан Илиевски, командир на Територијалната противпожарна единица Куманово, пожарот е изгаснат и нема жртви.

– На терен беа две противпожарни возила и шестмина пожарникари. Пожарот е изгаснат и нема повредени лица, изјави Илиевски.

Нанесена е материјална штета, но причините за избувнување на огнот засега не се познати.

 

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово беше домаќин на големиот „Еуроспорт Куп 2024" (ФОТО)