Кумановец предизвикал пожар со палење стрниште, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Педесет и шестгодишен кумановец предизвикал пожар кој настанал откако на своја нива во село Никуљане, запалил стрниште.

Loading...

– На 23.09.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.Ј.(56) од Куманово. Тој се сомничи дека на своја нива во с.Никуљане, кумановско, запалил стрниште, по што пожарот се проширил и зафатил сува трева надвор од неговиот имот, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, нема повредени, а пожарот бил изгаснат.

– Екипа од СВР Куманово извршила увид и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вечерва започнува 27. издание на МТФ „Денови на комедија“

Никола Ивановски