Детска облека и разни производи запленети на Табановце

Сподели со своите пријатели

Различни парчиња детска облека, но и обувки, посетлнина, техничка стока и други производи биле запленети изминатата недела на Граничниот премин Табановце.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа на Македонија, во првиот случај биле запленети 197 парчиња детска облека, како скафандери, јакни, бањарки, пижами и боди.

Биле  откриенa на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавил македонски државјанин.

Во вториот случај биле запленети вкупно 255 разни производи, меѓу кои облека, обувки, постелнина, садови за домаќинство, техничка стока, алат парфеми и монтажни сушарки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја во понеделник и вторник повеќе кумановски села

Истите биле откриени при контрола на комбе со македонски регистарски таблички, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Во товарниот дел на возилото биле пронајдени непријавените производи.

Во двата слуачи производите биле запленети задржани, а против возачот како што додаваат од ЦУ, ќе биде поведена соодветна постапка.

Никола Ивановски

Loading...