„Лекари без граници“ ја прекинуваат работата во Русија

Сподели со своите пријатели

Хуманитарната организација Лекари без граници со седиште во Швајцарија објави дека е принудена да ги прекине своите операции во Русија, пренесе рускиот сервис на Радио Слободна Европа.

Loading...

„Со тешко срце мораме да ги прекинеме нашите активности во Русија“, рече шефот на руската програма на Лекари без граници.

Организацијата е присутна во Русија од 1992 година, но во август изјави дека добила известување од руското Министерство за правда дека канцеларијата е отстранета од регистарот на невладини организации.

Лекари без граници, заедно со Министерството за здравство на Русија, имплементираа програми во Москва, Санкт Петербург, Архангелск, Иваново и Кемеровскиот регион, Чеченија, Ингушетија и Дагестан.

Фокусот на таа организација беше лекување и превенција од туберкулоза, особено тешки форми, ХИВ, други заразни болести и работа со ризични групи, вклучително и мигранти.

По почетокот на руската инвазија на Украина, Лекари без граници обезбедија медицинска и хуманитарна помош за бегалците од Украина и Русите кои се преселија од пограничните области во безбедните региони на Русија.