Осум лица избодени со нож за време на карневалот во Нотинг Хил, 230 беа уапсени

Сподели со своите пријатели

Вкупно осум лица се избодени со нож, а повеќе од 230 се уапсени за време на годишниот Карипски карневал во лондонскиот Нотинг Хил, соопшти денеска британската полиција.

Loading...

Како што се наведува, полицијата ги искористила сите свои овластувања за да спречи дополнително насилство, при што биле пронајдени три огнени оружја – две на карневалот и едно при запирање на возило, пренесува Sky News.

Полицијата соопшти дека две од осумте повредени се во животна опасност, а меѓу нив е и 32-годишна мајка која на карневалот била со мало дете.

Меѓу уапсените има 37 кои ги нападнале работниците од итната помош и осум кои извршиле сексуални престапи, како и девет за поседување дрога од класа А и 40 за поседување дрога од класа Б.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари

Нападнати 18 полицајци за време на карневалот Карневалот Нотинг Хил, кој започна во 1960-тите, е една од најдолгите улични забави во Велика Британија, која се одржува последната недела и понеделник во август, а врв на настанот е голем парада со костимирани изведувачи, музика и танцување.

Главната идеја на карневалот е обединување на мултинационалната заедница и крај на расните конфликти.

Годинава карневалот го обезбедуваа околу 7.000 полицајци.