ОН: Наредбите за евакуација ги принудуваат Палестинците во небезбедни области

Сподели со своите пријатели

Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања предупреди дека наредбите за масовна евакуација на израелската армија овој месец ги принудиле Палестинците во пренаселените и небезбедни области долж медитеранскиот брег на Газа.

Loading...

Портпаролот на ОН Стефан Дизарик синоќа изјави дека најновите наредби издадени во средата за делови од Деир ал Балах во централна Газа и Кан Јунис на југ се однесуваат на 115 локации со повеќе од 150.000 раселени мажи, жени и деца, како и на ОН и многу неформални и импровизирани засолништа.

Наредбите се однесуваат и на канцелариите, магацините и резиденциите на ОН и хуманитарните организации, а трите бунари со кои се снабдувале со вода десетици илјади луѓе веќе не се достапни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Холандската полиција уапси 281 лице на забранет пропалестински протест

„Во Деир ал Балах снабдувањето со вода е намалено за 70 отсто и има критичен недостиг на санитарни и хигиенски материјали“, рече Дијарик.

Портпаролот рече дека Израел досега издал 11 наредби за евакуација во август, што влијаеше на 250.000 луѓе.

Пред август, ОН процениле дека околу 90 отсто од 2,3 милиони жители на Газа биле раселени барем еднаш од нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври што ја предизвика војната.

Израелските наредби, исто така, пресекоа делови од главниот пат Салах ал-Дин, клучна рута за испорака на помош, рече Дијарик.