САД: Иран стои зад обидот за хакирање на кампањите на Трамп и Бајден-Харис

Сподели со своите пријатели

Владата на Соединетите Американски Држави заклучи дека иранската влада стои зад хакирањето и протекувањето податоци насочени кон претседателската кампања на републиканскиот кандидат Доналд Трамп и кампањата на американскиот претседател Џозеф Бајден и кандидатката на демократите Камала Харис, соопштија ФБИ и други американски разузнавачки агенции.

Loading...

ФБИ го информираше Трамп за своите прелиминарни наоди откако медиумите објавија дека добиле документи за кои се верува дека се од сметка на висок функционер од кампањата на Трамп, а штабот на Камала Харис соопшти дека хакерите биле неуспешни во нивните обиди да ја хакираат нејзината кампања, пренесува CCN.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пад на индексот на Волстрит: Дау Џонс падна, Тесла во црвено

„Меѓународната заедница е убедена дека преку социјален инженеринг и други напори, Иранците побараа пристап до поединци со директен пристап до претседателските кампањи на двете политички партии. Таквите активности имаат за цел да влијаат на изборниот процес во САД“,се вели во соопштението на Канцеларијата на директорот на Националното разузнавање и Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктурна безбедност.

Се додава дека таквиот пристап не е нов и дека Иран и Русија ја користеле оваа тактика не само во САД за време на овој и претходните изборни циклуси, туку и во други земји во светот.

Иранската мисија во ОН во понеделникот ги отфрли, како што ги нарече, „непоткрепени“ тврдења дека Иран стои зад хакерската операција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ: Американската противракетна база во Полска бара соодветни мерки

„Ваквите обвинувања се неосновани. Исламската Република Иран нема ниту намера ниту мотив да се меша во претседателските избори во САД. Доколку американската влада искрено верува во валидноста на нејзините тврдења, треба да ни достави релевантни докази“, рече Постојана мисија на Иран во ОН за Си-Ен-Ен.

ФБИ минатиот понеделник објави дека отвори истрага за наводите од кампањата на Доналд Трамп дека поранешниот претседател бил цел на хакери кои работеле за иранската влада.

Кампањата на Трамп го обвини Иран и укажа на извештајот на истражувачите на Мајкрософт во петокот во кој се вели дека хакери поврзани со иранската влада се обиделе да ја пробијат сметката на висок функционер во претседателската кампања на САД.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блинкен: Учеството на Северна Кореја во украинскиот конфликт бара цврст одговор

Минатата недела ФБИ ја информираше кампањата на Камала Харис дека таа е цел на „операција со странско влијание“.

Иранските власти уште тогаш негираа каква било поврзаност со хакирањето на претседателските кампањи на САД, пренесува Танјуг.