Русија: Американски бомбардер опасно се приближи до руски авион во Сирија

Сподели со своите пријатели

Воен авион на коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави „опасно“ се доближил до руски авион во Сирија, изјави заменик-шефот на рускиот центар за помирување на спротивставените страни во Сирија, Олег Игнасјук.

Loading...

– Бомбардер Ф/А-18 опасно се приближи до авион Ан-30 на руските воздушни сили над Сирија. Инцидентот се случил на надморска височина од околу 6.700 метри во провинцијата Хомс – изјави Игнајук, а пренесе Тасс.

Тој додаде дека рускиот пилот покажал висока професионалност и презел навремени мерки за да го спречи судирот.

САД имаат 900 војници во Сирија и 2.500 во соседен Ирак, со цел да ги советуваат и да им помагаат на локалните сили кои се обидуваат да го спречат обновувањето на Исламската држава, која зазеде големи делови од двете земји во 2014 година, но подоцна беше потисната.