Индискиот премиер Нарендра Моди ќе ја посети Украина, соопшти денеска индиското Министерство за надворешни работи.
Loading...
Деталите за посетата ќе бидат објавени подоцна денеска, а индиските медиуми објавија дека Моди најверојатно ќе го посети Киев веќе во август, пренесува Ројтерс.
Тоа ќе биде прво патување на Моди во Украина од почетокот на руско-украинската војна и околу еден месец откако тој се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
Индија не воведе санкции кон Русија по почетокот на војната во Украина и продолжи да тргува со неа, повикувајќи на решавање на конфликтот преку дијалог и дипломатија, пренесува Танјуг.