Момче загина од гром во Германија

Loading...
Сподели со своите пријатели

Момче (15) загина од гром во Германија.

Трагедијата се случила во Баден-Виртемберг кога момчето и уште еден малолетник стоеле под дрво.

Тинејџерот останал мртов на местото на настанот.

Германските медиуми јавуваат дека тинејџерите побарале засолниште од страшното невреме кое во средата навечер го зафати овој дел на Германија.

„Момчето (15) загина од удар на гром. Уште едно дете се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во болница“, соопшти полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Додека Европа гори, во Москва шок: Соборен температурен рекорд