Страшна трагедија е забележана во Газа при напад на израелската армија.
Имено, новородените близнаци биле убиени додека нивниот татко Мохамед Абу ал Кумсан бил во канцеларијата на локалната власт за да го регистрира нивното раѓање.
Момчето Асер и девојчето Ајсел имале само четири дена, јави Би-Би-Си.
Додека бил отсутен му се јавиле и му рекле дека куќата им била бомбардирана, а во израелскиот напад загинале неговата сопруга и бабата на близнаците.
– Не знам што се случи. Ми кажаа дека граната ја погодила куќата – рекол таткото.
Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, вели дека 115 бебиња се родени, а потоа убиени за време на војната.
Според новинската агенција АП, семејството следело наредба за евакуација на градот Газа во првите недели од војната, барајќи засолниште во централниот дел на појасот, како што наложи израелската армија.
Би-Би-Си побара коментар од израелската војска за нападот и чека одговор.
Израел вели дека се обидува да избегне да им наштети на цивилите и за нивната смрт го обвинува Хамас, кој дејствува во густо населените области, вклучително и користење на цивилни згради како засолништа.
Man in Gaza was on his way home with the birth certificates of his twin babies, born just four days ago.
When he arrived, he learned that his wife, newborns, and mother-in-law had been killed by Israeli forces. pic.twitter.com/e2CRHLz9tj
— Clash Report (@clashreport) August 13, 2024