Жена загина во големиот пожар кај Атина, илјадници евакуирани. ЕУ испраќа помош

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина во шумските пожари што вчера се проширија во предградијата на Атина, Грција.

Loading...

Телото, за кое се верува дека е женско, било пронајдено во продавница во градот Врилисија, северно од Атина, изјави за Би-Би-Си извор од противпожарната служба.

Илјадници луѓе беа евакуирани откако пожарникарите предупредија дека се загрозени домовите, деловните објекти и училиштата, а се очекува пожарите да продолжат и денеска.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вонредна состојба на Крит: Пожарот уништи илјадници хектари земја, евакуирани се над 1.000 луѓе

Портпаролот на противпожарната служба Василиос Ватракоганис рече дека иако повеќе нема активни огнени фронтови во североисточниот регион Атика, кој опфаќа делови од Атина, сè уште има „многу активни локални пожари“, главно околу градовите Маратон и Пентели.

 

Loading...

 

Полковникот Ватракоганис рече дека двајца пожарникари се здобиле со изгореници додека се бореле со пожарот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Извозот на оружје од БиХ скоро двојно зголемен, НАТО најавува уште поголема побарувачка

Официјални лица рекоа дека вчера избувнале пожари на 40 различни локации и во некои области биле забележани пламени високи до 25 метри.

Луѓето во Атина носеа маски за лице за да се заштитат од чадот што дува во градот.

Во Пентели, шумско, ридско подрачје, мораше да се евакуираат три болници. Пожарот ја зафатил и фабриката за дрво, а на други места во областа се слушнале бројни експлозии, најверојатно од резервоари за гориво и плински боци.

Европските земји најавија помош за Грција откако нејзината влада го активира механизмот за меѓусебна цивилна заштита на ЕУ.

Италија обезбедува два авиони, додека Франција и Србија обезбедуваат по еден хеликоптер, рече полковникот Ватракогијанис.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Опасна дрога се шири на Балканот: „Еден килограм може да убие до 500.000 луѓе“

Шпанија, Чешка и Романија испраќаат дополнителни возила, персонал и помош.

Соседна Турција исто така се подготвува да испрати два авиони и хеликоптер, рече министерот за надворешни работи Онџу Кечели.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на X рече дека ЕУ „ќе стои на страна на Грција во борбата против разорните пожари“.

Инаку, Грција ги доживеа најтоплите јуни и јули во историјата на мерењата.