Кумановските пожарникари вчера изгаснале вкупно шест пожари, а претежно гореле сува трева и стрништа.
Првата интервенција била во атарот на липковските села Матејче и Отља каде гореле сува трева и грмушки. Четворица пожарникари интервенирале во период од 16:05 до 20:50 часот.
Сува трева горела и во атарот на селто речица, каде во период од 17:15 до 20:50 часот интевенирале двајца пожарникари.
И во селото Табановце горела сува трева. Четворица пожарникари таму интервенирале во период од 18:45 до 23:50 часот.
На месноста Никуљски пат во населбата Карпош пожарникарите гаснеле сува трева во два наврати. Првин од 18:15, а потоа и од 20:45 часот. Пожарот бил изгаснат во 21:55 часот.
Стрниште пак доцна вчеравечер горело во селото Никуљане. Таму интервенирале тројца пожарникари во период од 23:15 до 00:50 часот.
Според последните информации утринава нема активни пожари на територијата на Општина Куманово.
Никола Ивановски