ИДФ: Двајца оперативци на Хезболах елиминирани во напад врз јужен Либан

Сподели со своите пријатели

Двајца оперативци на либанската милитантна, проиранска група Хезболах се убиени во градот Накури во јужен Либан во напад на израелско беспилотно летало, соопшти претходно денеска израелската армија (ИДФ).

Loading...

Припадниците на 146-та дивизија на ИД забележале двајца оперативци на Хезболах додека излегувале од зградата што ја користела либанската милитантна група, а набргу потоа бил извршен напад со беспилотно летало, пишува The Times of Israel.

Хезболах сè уште не ја потврдил смртта на двајца свои членови, но либанските медиуми рано утринава објавија дека две лица загинале во наводен израелски напад врз градот Накура на југот на Либан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Хезболах користи пејџери? Срушен камен-темелник на милитантната група, експлозиите открија клучна слабост!