Триесетина припадници на Армијата на Република Македонија и полициски хеликоптер го изгаснаа пожарот во атарот на селото Челопек во Општина Старо Нагоричане.
Како што информираше утринава директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, пожарот избувнал вчера во доцните попладневни часови.
Во гаснење на пожарот активно се вклучени и волонтерите на Црвениот крст.
– Бидејќи во близина нема природен извор на вода од волонтери на Црвен крст наместен е базен од кој хеликоптерот полни вода и на тој начин го стеснуваме кругот кој хеликоптерот го прави од полнење вода до истурање на опожареното место некаде на четири до шест минути во зависност на која локација хеликоптерот ќе ја истури водата, изјави Ангелов.
Пожарот во Челопек, како што додаде тој, е веќе изгаснат.
Никола Ивановски