Објавена снимка од нападот на рафинеријата во Русија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руските системи за противвоздушна одбрана соборија 75 украински беспилотни летала во текот на ноќта, вклучително и осум во близина на црноморскиот град Туапсе, каде се наоѓа рафинеријата на руската нафтена компанија Роснефт, соопшти руското Министерство за одбрана во понеделникот, 22 јули.

Loading...

Четириесет и седум беспилотни летала беа соборени над Ростовската област во југозападна Русија, 17 над Црното Море и Азовското Море, осум над Краснодарскиот регион каде што се наоѓа Туапсе и по еден над регионите Белгород, Воронеж и Смоленск. објави руското Министерство на Телеграм.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Молдавската претседателка во Киев, ќе разговара со Зеленски за енергетската криза

Министерството не соопшти дали неговите одбранбени системи ги уништиле беспилотните летала или дали нападот предизвикал некаква штета.

Сергеј Бојко, началникот на областа Туапсе во Краснодар, на Телеграм објави дека инфраструктурата и станбените згради не се оштетени.

Нафтената рафинерија Туапсе, во сопственост на нафтената компанија Роснефт, е оштетена во напад на украинско беспилотно летало, соопштија претставници на регионот Краснодар, пренесува Хина.

Loading...

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Молдавската претседателка во Киев, ќе разговара со Зеленски за енергетската криза

Остатоците од дронот соборен од Русија предизвикаа пожар во рафинеријата, кој во меѓувреме е локализиран, објави регионалната администрација на Телеграм.

Тие додадоа дека нема жртви.