Демократите за еден ден собраа рекордни донации по откажувањето на Бајден

Сподели со своите пријатели

Демократската група за собирање средства ActBlue доцна синоќа објави дека забележала најголемо дневно собирање средства за демократски кандидат на ноемвриските претседателски избори во САД, откако американскиот претседател Џозеф Бајден се повлече од трката и ја поддржа потпретседателката Камала Харис.

Loading...

„Во неделата во 21:00 часот по локално време, поддржувачите на (Демократите) собраа 46,7 милиони долари (42,8 милиони евра) преку ActBlue по објавувањето на кандидатурата на потпретседателката Камала Харис“, се вели во соопштението на групата.

AktBlu овозможува онлајн собирање средства за демократските кандидати.