Најголем раст на бројот на милионери во Виетнам и Кина, пад во Нигерија, Бразил и Русија

Сподели со своите пријатели

Најголем пораст на бројот на милионери во светот во последните десет години забележа Виетнам, од европските земји во првите десет влегоа Малта и Монако.

Loading...

Најголем пад, кога станува збор за бројот на милионери, забележа Нигерија од 48 отсто, а потоа Бразил и Русија со 28, односно 26 отсто.

САД и покрај тоа што се на деветтото место со раст од 62 отсто, сепак се на прво место во светот со речиси 5,5 милиони милионери.

Виетнам, чија економија е во пораст како и на Кина и Индија, со раст од 98 отсто, денес има 19.400 милионери, според Visual Capitalist, кој прецизира дека извештајот следи поединци кои имаат ликвидно инвестициско богатство од еден милион долари или повеќе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин бара нови војници за фронтот: Ќе се простат долговите на секој што ќе аплицира

Бројките, додаваат тие, се заокружени до најблиската стотка и ги претставуваат жителите на секоја земја до декември 2023 година.

Индија и Кина добија стотици илјади нови милионери во последните десет години, консолидирајќи ги нивните позиции како главни играчи во глобалното богатство .

Кина, каде бројот на милионери порасна за 92 отсто, денес има повеќе од 860.000, а Индија со пораст од 85 отсто има 326.000 милионери.

Маурициус, кој е на третото место на листата на земји со најголем раст на бројот на милионери, зад Индија и Виетнам, денес има 5.100, со раст од 87 отсто.

Loading...

На петтото место се ОАЕ каде има 116.500 милионери со раст од 77 отсто.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Од неделава стопанството ќе добие средства од унгарскиот заем

Следат Малта и Монако, потоа Сингапур забележа раст од 74 и Монако од 68 отсто, а денес тие две земји имаат соодветно 10.000, односно 15.000 милионери.

На деветтото место се САД, кои и покрај растот од 62 отсто можат да се пофалат со најголем број милионери во светот.

Кина се приближува до бројката од еден милион милионери, со што станува само втората земја која се приближува до таа скала, која ја надмина само САД.

Нов Зеланд е на десеттото место со раст од помалку од 50 отсто и вкупен број од 56.100 милионери.

Во Европа најмногу милионери имаат Швајцарија, Португалија, Италија, Франција, Германија, Грција и Велика Британија, кои бележат пад и денес ги има 602.500.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поделби на состанок на ОН! Ништо од договор за намалување на пластиката!

Сите оние европски земји кои бележат раст на милионери се рангирани до 22 места.

Јужноафриканската Република забележа пад на милионери за 20 отсто, Велика Британија за осум отсто, а Јапонија и Хонг Конг за околу пет отсто.

Loading...

Во Европа, Германија има најголем број милионери – 806.000, што сериозно се приближи до второпласираната Кина.

Африканските земји како Нигерија и Јужна Африка забележаа пад на бројот на милионери, делумно поради емиграцијата и економската нестабилност.