Се урна авион во Ерменија, има загинати!

Сподели со своите пријатели

Двајца членови на екипажот загинаа денеска кога воен авион од советско производство се урна во Ерменија за време на тренинг лет, соопштија официјални лица.

Loading...

Властите соопштија дека авионот Ан-2 од советско производство се урнал на 20 километри северно од главниот град на Ерменија, Ереван, пренесе АП.

Причината за авионската несреќа засега не е позната.

Авионот „Антонов Ан-2“ е двомотор со еден мотор кој може да превезува до 12 патници и е широко користен во транспортот откако стапил во производство во 1947 година.

Илјадници од тие авиони се произведени во Советскиот Сојуз и во други земји, а многу од нив сè уште се во употреба низ целиот свет, според американската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен јужнокорејскиот претседател!