ГЛОБАЛНА ИНТЕРНЕТ ХАВАРИЈА: Погодени авиокомпании, банки и медиуми ширум светот

Сподели со своите пријатели

Од целиот свет пристигнуваат извештаи за раширени прекини на компјутерските системи што ги користат авиокомпаниите, банките и водечките медиуми.

Loading...

Поради пропусти во софтверот, авиокомпаниите и аеродромите масовно ги откажуваат летовите, а оние кои веќе се во воздух бараат место за итно слетување.

Причината за големиот прекин во ИТ системите сè уште не е утврдена, но Мајкрософт вели дека презема чекори за да ги ублажи последиците.

Поради проблемот биле приземјени авиони на американски и австралиски компании.

И железничките компании во Обединетото Кралство велат дека се соочуваат со „распространети ИТ проблеми“.

Британската телевизија Скај њуз беше принудена да го прекине преносот во живо, а прекини беа забележани и на лондонската берза.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полицаец во Австралија со електрошокер усмртил дементна 95-годишна жена

Поради проблеми со серверот, многу авиокомпании ширум светот ги прекинаа летовите.

Засегнати беа и многу банки.

Loading...

„Мајкрософт“ соопшти дека „истражува проблем што влијае на способноста на корисниците да пристапат до различни апликации и услуги“.

Сепак, портпаролот на Мајкрософт изјави за Би-Би-Си во петокот дека „повеќето услуги се обновени“.

Портпаролот на австралискиот министер за внатрешни работи рече дека прекинот се чини дека е поврзан со проблем во глобалната компанија за сајбер безбедност Crowdstrike.

Австралиската телекомуникациска компанија Телстра рече дека главниот контакт за итни случаи во Австралија не бил засегнат.