Нова емисија на лава започна во вторникот наутро од вулканот Етна, а колоната од пепел достигна висина од 6.000 метри надморска височина и падна на исток, кон местата Ачи Кастело и Виагранде.
Loading...
Како што се наведува, новата емисија е лансирана од кратерот Вораџина, како и од работ на кратерот Бока Нова, од каде колоната пепел достигнала 3.000 метри, пренесува Анса.
Активноста на вулканот многу брзо стивнала, пренесува Танјуг.
Експертите од Националниот институт за геофизика и вулканологија, опсерваторијата Етна, утврдиле дека изворите на потреси биле ограничени на областа на кратерот на надморска височина од околу 3.000 метри.
Засега не е издадено дополнително предупредување.