Ако некогаш сте посакале да одите некаде, каде никој „не може да ве најде“ и да биде подалеку од цивилизацијата и од сè што е познато, Тристан да Куња е вистинското место за вас.
Тристан де Куња можеби не е пуст, но тоа е најизолираниот остров на светот, кој се наоѓа во Атлантскиот Океан и припаѓа на Обединетото Кралство.
Островот некогаш било понаселено место, но многумина се иселиле пред околу 60 години поради вулканска ерупција и денес има само околу 250 жители на островот.
Локалниот дијалект звучи интересно затоа што зборовите се создадени со мешање на шкотски, британски, јужноафрикански, американски, холандски, италијански и ирски јазик. Разликата помеѓу англискиот и „тристандакуњски“ е забележлива, но сè уште нема проблеми со комуникацијата со туристите.
Оние кои се одлучуваат да одат првин мора да испратат апликација преку е-пошта и да чекаат одобрение. Бродовите што одат во Тристан де Куња имаат 12 патници и пловат само неколку пати месечно.
Се патува 2.810 км околу шест дена или повеќе, во зависност од временските услови.