ФБИ: Напаѓачот на Трамп дејствувал сам, ја користел легално купената пушка на татко му

Сподели со своите пријатели

Напаѓачот кој го застрела поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп во саботата вечерта дејствувал сам и употребил легално купена пушка што ја купил таткото на осомничениот, соопшти ФБИ.

Loading...

„Станува збор за полуавтоматска пушка AR 556. ФБИ не најде индикации дека осомничениот има некаква ментална болест“.

„Нападот се смета и како акт на домашен тероризам и како обид за убиство“, соопшти американската агенција, а пренесе Ројтерс.

Во него се додава дека нема индикации дека напаѓачот пукал во Трамп од идеолошки причини и дека ФБИ ги прегледува профилите на социјалните мрежи, користеното оружје и примероците од ДНК како доказ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп за секретар за одбрана го сака водителот на Фокс кој не знае што е АСЕАН

„Заканите и повиците за насилство веќе се во пораст на интернет, особено по овој настан“, објави ФБИ.

Трамп беше повреден во пукање во саботата вечерта за време на митинг во Батлер, Пенсилванија.

Вооружениот напаѓач, 20-годишниот Томас Метју Крукс и најмалку еден од учесниците на митингот беа убиени, а уште две лица кои присуствуваа на собирот беа тешко повредени.