Орбан му одговори на Мишел: Унгарија дејствува во свое име, а не во име на ЕУ

Сподели со своите пријатели

Унгарија разбира дека со организацијата на преговорите меѓу Русија и Украина ќе се занимаваат големите земји, но би сакала да ги охрабри страните во конфликтот да склучат мир, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во радио програмата „Кошут“.

Loading...

„Будимпешта знае каде припаѓа и која е нејзината важност, како и дека големите сили ќе се занимаваат со големи преговори“, посочи Орбан.

Истовремено, тој повтори дека Унгарија би сакала да ги охрабри страните да започнат преговори. Премиерот објасни дека токму таква цел имал на ум кога го посетил Киев на 2 јули, по 12 години, каде што се сретнал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Уште еднаш, морам да прецизирам дека унгарското претседателство со Советот на Европската унија не дава мандат за преговори во име на ЕУ, туку Будимпешта дејствува во свое име. Она што можеме да го направиме е да разјасниме која страна на што е подготвена, а откако ќе дознаеме, лидерите на ЕУ веќе можат да донесат одлука, а по одлуката ќе може да се отпочнат преговорите, што, за жал, се чини дека е далеку е засега“, нагласи Орбан.

Запрашан кои ќе бидат неговите следни чекори по посетата на Киев на 2 јули, Орбан рече:

„Бидејќи овие чекори се од многу чувствителна природа, ќе може да се зборува за нив дури откако ќе се спроведат“.

Претходно, шефот на Европскиот совет во заминување, Шарл Мишел, на мрежата Х напиша дека ротирачкото унгарско претседателство со Советот на ЕУ нема мандат да контактира со Русија во име на Европската унија, коментирајќи ги мировните иницијативи на унгарскиот премиер Виктор Орбан и информации за неговата можна посета на Москва.

Прес-секретарот на рускиот лидер Дмитриј Песков претходно, коментирајќи ги медиумските написи за можна посета на Орбан на Русија, одби да ја потврди или негира оваа претпоставка, пренесува Спутник.

Loading...