Стојчевски до Спасовски: Човекот кој свесно го блокираше Куманово поради лична суета, да има доблест и да се повлече од политиката

Сподели со своите пријатели

Даниел Стојчевски пратеник од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија до Оливер Спасовски: Човекот кој што свесно го блокираше Куманово поради лична суета и политички пресметки, да има доблест, да го послуша гласот на граѓаните и да се повлече од политиката.

Loading...

Иако во текот на изборната кампања немав можност да имаме јавно соочување со носителот на листа Оливер Спасовски, бидејќи”машки” ги избегна дебатите, денеска сме тука и нема каде да се бега и ќе ги соочиме фактите пред целата јавност. Денеска наместо човекот кој што направи огромна штета на Македонија, човекот кој што свесно го блокираше Куманово поради лична суета и политички пресметки, да има доблест, да го послуша гласот на граѓаните и да се повлече од политика, тој е присуте и повторно се обидува да дели памет, иако на сите им е јасно зошто тој е во пратеничко столче. Јас сметам дека немате повеќе кредибилитет да зборувате за она што треба да се прави, бидејќи имавте можност, а ја прокоцкавте и сте најголемо разочарување за македонскиот народ. Еве неколку од фактите за се што направи министерот со најголем стаж во едно министерство:

– Убиство на Мартин Јанушев, Убиства во Шиша бар. Агресивен пајак – тепач. Двојно убиство на Рузвелтова.  Дурмо турс, Милионски тендери за набавка на патни исправи,– а, потоа: стотици илјади граѓани небаре во куќен, овојпат во притвор во државата, без можност да ја напуштат. Набавка за возила на МВР, тендери за одржување на возила на МВР;  фотографии со наркобосови и криминалци; издавање македонски пасоши на белосветски криминалци; исчезнато оружје од депото на МВР, кражба на масло од канабис. командир уапсени со дрога, бегства од затвори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се реконструира улицата „Моша Пијаде“, општината на средба со жителите (ФОТО)

Впрочем, вашиот изборен резултат во изборната единица два говори за тоа што мислат луѓето за вашата работа и колку го ценат вашиот збор. Така ќе ги третираат и изнесените невистини од собраниската говорница. Спасовски единствено ќе биде запаметен како министер кој додели 215 македонски пасоши на белосветски нарко босови на нарко картели. Во време на Спасовски се случи полициски службеник да се “удри” во пајак, се проби полициската акција Планина во која што требаше да бидат уапсени нарко дилерите од Грчец, се случија дури 5 нерасчистени убиства низ скопски улици и локали, мафијашки пресметки на банди во трговски центри, кражби, киднапирања на деца, дојави за бомби низ училиштата, трговски центри, станбени згради и државни институции, кражби на марихуана, кражба на оружје од полициско депо, бегство на криминалции, делење на коруптивни тендери со милионски суми, а се случи и грозоморното убиство на Вања и Панче, каде што се увиде дека полицијата можела и морала да го спречи ова двојно убиство, доколку Спасовски и службите веднаш реагирале и откриеле додека  возилото на убиениот Панче се возело со денови низ скопските улици, па со истото возило, убијците да ја киднапираат Вања и потоа да ја убијат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во кумановската касарна ќе се одбележи денот на Командата за операции

Во време на министерувањето на Спасовски командири пукаа со оружје и се снимаа и објавуваа на социјалните мрежи, а криминалците од Арачиново наместо во затвор беа во полициски станици, тепаа и бркаа полициски службеници.

Во последниот месец од неговото катастрофално министерување се случи и целосен хаос со вадење на нови патни исправии на граѓаните кои до ден денеска се оставени на минусни температури да чекаат, иако обрасци за  подготовка на патни исправи и возачки дозволи нема доволно.

Се случи и скандал од невидени размери со упадот на партиската војска на ДУИ во македонска навигација во време кога контролорите во М-НАВ опслужувале летање, слетување и прелетување на над 40тина авиони.
Спасовски за 7 годино целосно го узурпираше Министерството за внатрешни работи. Само криминалците се чувствуваа безбедни со Спасовски, а подземјето стана надземје.

Спасовски заминува како најнеславен министер за внатрешни работи. Оливер Спасовски веројатно ќе стане најдолговечниот министер за внатрешни работи до сега веќе 7 години, тој нема ниту една поголема акција за сузбивање на криминал и корупција, дрогата царува по улиците на македонските градови како никогаш порано. Кокаинот е достапен на македонските деца како никогаш порано, а на Спасовски му се случија Рекет 1 и 2, 215 издадени пасоши на нарко босови и останати криминалци. Во негов мандат криминалците слободно шетаат на улица, прават криминал, а за тоа не одговараат.

Loading...

Инаку, додека Спасовски раководеше со МВР, опозицијата ги обелодени Мафија 1 и 2, а во случаите се откри издавање на нелегални македонски пасоши на над 200 криминалци и наркобосови од Балканот и пошироко. Ситуацијата се подгреа кога се дозна дека на 20.000 македонски граѓани им биле издавани два матични броеви кои два пати се појавувале на избирачкиот список. Случајот беше експресно решен, оти на обвинителна клупа се најдоа шалтерски работници. Очекувано ниту Спасовски ниту некој друг висок функционер не понесе одговорност. Ниту пак пасошите беа поништени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Граната пронајдена во кумановско Черкезе

За време на изборната кампања за локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека полицајци блиски до СДСМ формирале злосторничка група на апликацијата Вибер која требало да следи членови на партијата за потоа физички да ги малтретира и да им го ограничи нормалното движење, а во неа биле вклучени над четириесетина началници, полициски командири и полицајци во улога на партиски извршители.

Непосредно по акцијата Планина, во јавноста протекоа фотографии како Спасовски седи на иста маса со наркобосови, но тој до последно не кажа зошто седи со нив, ама ја повика јавноста да покаже кој од лицата на  ликата се криминалци. Акцијата не беше целосно завршена бидејќи кртови од МВР им јавиле на криминалците, Обвинителство ги викна на разговор и тука се затвори случајот. И по низата афери кои беа објавени за работата на МВР, Спасовски ја преживеа интерпелацијата во Собранието. Спасовски не беше единствениот од владата на Заев кој беше поврзан со скандали. И за други министри имаше многу афери за кои јавноста не виде институционална завршница.