Малку по малку Порнхаб заврши на суд, а оваа битка ја загубија „на зелената маса“.
Имено, сајтот со содржина од 18+ летово ќе мора да замине од уште пет држави во САД поради новиот закон кој бара проверка на возраста на корисниците.
Овој потег е во согласност со низа регулативи кои бараат од порно сајтовите и другите слични платформи да ги подобрат начините на кои ја потврдуваат вистинската возраст на оние што ја користат нивната содржина.
Станува збор за државите Ајдахо, Индијана, Канзас, Кентаки и Небраска.
За сите важи истата регулатива – кој сака да ги прегледа овие сајтови ќе треба да ја потврди возраста со возачка дозвола, лична карта или некој сличен документ за идентификација.
Почнувајќи од јули, Pornhub повеќе нема да биде достапен во овие пет држави, а неодамна беше затворен во Тексас, Арканзас, Мисисипи, Јута и некои други американски држави.
Компанијата Aylo, која е сопственик на Pornhub, соопшти дека таквите закони ја загрозуваат приватноста на корисниците и дека ништо нема да се преземе за да се спречат малолетниците да бараат порнографски содржини, бидејќи веруваат дека тие само „ќе се преселат во потемните делови на интернетот“.