Како настанала песната „Ѓурѓевдан“, безвременскиот хит на ју-просторот?

Сподели со своите пријатели

Познатата песна „Ѓурѓевдан“ настанала во „возот на смртта“ која патувал од Сараево за Јасеновац, сведочи босанскиот професор и историчар на уметност, Жарко Видовиќ за Аваз.ба.

Според неговите зборови, на патот кон Казамат, на 6 мај 1942 година затвореници во вагони без храна и вода, започнале да паѓаат во криза поради страв и неизвесност.

Во опшиот хаос, еден од нив, за кој се тврди дека бил член на сараевска „Слога“ од гордост, прв запеал:

„Proljeće na moje rame slijeće, đurđevak zeleni, svima osim meni – Đurđevdan je!“

Поради оваа песна, затворениците останале без воздух збуткани едни до други затоа што биле затворени целосно вагоните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Родени“ се првите АИ вокали во Македонија, Мартин и Мартина! (ВИДЕО)

Од 3.000 луѓе, колку тргнале од Сараево во Јасеновац пристигнале 2.000, за да на крајот само 200 од нив ја преживеат воената тортура.

Подоцна песната ја надоградил Горан Бреговиќ, а истата стана неофицијална химна на Ромите.

Најпозната е по изведбите на бендот „Бјело Дугме“, а водено и безвременски хит на сите поранешни југословенски простори.