Пет навики кои ги практикуваат среќните и поврзани семејства

Сподели со своите пријатели

Среќно и поврзано семејство обезбедува поддршка и чувство на сигурност за секој член.

Loading...

Во таква атмосфера, љубовта и разбирањето се клучни, а едукаторот и детски психолог Џејми Блох откри уште неколку важни фактори.

Во неодамнешната објава на Инстаграм, таа истакна пет навики кои ги практикуваат среќните и поврзани семејства.

Јадете заедно секогаш и каде што е можно

„Истражувањата покажуваат дека им помага на децата да се чувствуваат повеќе поврзани со своето семејство и да имаат посилно чувство на припадност кога има редовни моменти на поврзување. Тоа не мора да биде само вечера“, вели Блох.

Разговарајте за тоа како ви поминал денот

Важно е да се одвои посебно време за дружење со децата. Воспитувачот истакнува:

„Тоа може да биде за време на возењето до некоја активност после училиште или дел од вашата рутина пред спиење“.

Најдете време да играте заедно

Блох тврди дека играњето заедно е многу важно, дури и ако трае само 15 минути.

„Забавувањето со децата е одличен трик за поврзување поддржан од науката“, напиша таа во објавата.

Loading...

Вклучете ги вашите деца во секојдневните задачи и дозволете им да помагаат дома

Воспитувачот забележува: „Децата сакаат да помагаат! Можете да поттикнете самодоверба и чувство на самопочит кај вашите деца со тоа што ќе им дозволите да бидат независни и да помагаат во домашните работи“.

Најдете го јазикот на љубовта на вашите деца.

Јазикот на љубовта е начинот на кој некој ја покажува, разбира и прифаќа љубовта. Затоа, ако човек прими љубов со тој „јазик“, ќе се чувствува сакан.

„Само затоа што нашиот љубовен јазик е допирот, не значи дека нашите деца се чувствуваат исто. Обидете се да размислите со кој љубовен јазик вашите деца најмногу се однесуваат и најдете нешто што можете да правите секој ден за да им покажете љубов на нивниот јазик“ – заклучи Блох.