Билка која го заменува кафето и помага при слабеење
On:
Сподели со своите пријатели
Оваа билка сигурно сте ја виделе на полињата–расте како коров, а вниманието го привлекува со светло сина боја на цветот.
Многумина денес не знаат дека не така одамна токму од цикорија се правеше вкусно бело кафе.
Цикоријата е многу здрава билка која со векови се користи како природен лек.
Стевиа – билка која сигурно ќе ве откаже од никотинска зависност
Ги ублажува проблемите со дигестивниот тракт, дури ја намалува и жиговината (киселините од желудникот), затоа што содржи инулин јак пробиотик.
Исто така, го намалува лошиот холестерол во крвта, па со тоа го намалува и ризикот од срцеви болести.
Има антивоспалителни својства кои делуваат на намалување на болките кај артритисот, а помага и при слабеење.
Најефикасните билки за слабеење
Оваа билка е добар седатив, па се препорачува на оние кои имаат проблеми со спиењето.
Воедно, е одличен извор на минерали и витамини, а содржи цинк, магнезиум, манган, калциум, железо, фолна киселина, калиум и витамините A, B6, C, E и K.
Како замена за кафе се користи коренот од цикорија, додека листовите се специјалитет во кујните ширум светот, иако вкусот им е доста горчлив.
Пет намирници кои ќе ви го исчистат организмот од маснотиите
Се користи во италијанската, шпанската, грчката и турската кујна. Во Италија најмногу се користи како додаток во тестенини, а во другите кујни главно со месо.