Силна експлозија се случи во фабрика за оружје во Јужен Велс. Причината за експлозијата се уште не е утврдена.
Loading...
Експлозијата се случи на локација на BAE Systems, најголемата британска одбранбена фирма.
Во експлозијата нема повредени и нема опасност за локалното население.
– Точната причина за инцидентот се уште е под истрага – изјави портпаролката на BAE Systems.
Велшката служба за брза помош соопшти дека дошла на местото на настанот, но никому не му е потребна помош.